Во финалето на тенискиот турнир во Доха, Катар, рекетот број 2, Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада водечкиот на АТП листата, Британеcот Енди Мареј, по голема борба и извонреден тенис со 2:1, по сетови 6:3, 5:7, 6:4.
Со триумфот Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Доха и му го нанесе првиот пораз на Мареј по 28 мечеви.
Првиот сет понуди атомски тенис. Ѓоковиќ во осмиот гем направи брејк кој го претвори во водство од 1:0. И во вториот сет Ѓоковиќ прв стигна до брејк и поведе со 5:4, но Мареј покажа зошто е број 1 во светот одбранувајќи три меч топки. Тој ги доби следните три гема, два на сервис на противникот, за враќање во мечот.
Во третиот сет Ѓоковиќ повторно прв стигна до предност на сервис на противникот која успеа да ја капитализира за триумф на првиот турнир во 2017 година.
OhridNews