Екипата на Лестер на крилата од Џејмс Варди и Ријад Марез се наоѓа на првата позиција на табелата во Премиер лигата по 16-ет одиграни натпревари.


Варди и Марез сезонава заедно имаат искомбинирано 26 погодоци и веднаш се најдоа на менито од богатите премиерлигаши кои подготвуваат понуди.

– Нив двајца ниту во најлудите соништа не планираме да ги продадеме. Сите пишувањава за нив се тотално невистинити. Има интерес да, но за никоја цена нема да ги продадеме фудбалерите кои ни се движечка сила сезонава. – рече менаџерот Клаудио Раниери.

„Лисиците“ со храбрата и брилијатна игра сезонава во сенка ги фрлија останатите тимови кои имаат далеку побогат буџет и фонд на играчи.

Ohridnews