Без голови и без победник заврши дербито меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен на Бај Арената во 20-та рунда од Бундес лигата.
Голгетерите во двете екипи немаа свој ден и мрежите во дерби средбата останаа не чепнати. Единствено возбудување на средбата беше црвениот картон на Чаби Алонсо кој го доби по два жолти картони во 78-та и 84-та минута.
Во прилог на „баварците“ беше ремито без голови на Борусија Дортмунд на гостувањето во Берлин со Херта.
Резултати: Ајнтрахт – Штутгарт 2-4, Хановер – Мајнц 0-1, Херта – Борусија Дортмунд 0-0, Инголштад – Аугзбург 2-1, Шалке – Волфзбург 3-0, Леверкузен – Баерн Минхен 0-0.
Табела: Баерн Минхен 53, Б. Дортмунд 45, Херта 35, Шалке 33…
OhridNews












