Грчката фудбалска репрезентација пред своите гледачи претрпе пораз 1-0 од Фарските Острови во рамките од квалификациите за Европското првенство во Франција.


Поразот од аутсајдерот значеше крај на селекторската одисеја за Клаудио Раниери на клупата од грчката репрезентација.


Фудбалскиот сојуз на Грција комплетно ја презема одговорноста за лошите резултати и за лошиот избор за селектор.

По четири одиграни натпревари Европскиот првка од 2004 година има само едно реми и три порази и се наоѓа на последната позиција на табелата.

Мх.П.