Фатен дилер со над пет килограми марихуана сокриена во гепек
28.12.14 14:12
Денес околу 1.45 часот на наплатната станица Гостивар, од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило “Голф” со скопски регистарски ознаки кое се движело во правец кон Тетово. При преглед на возилото, во багажникот, во просторот наменет за резервна гума,биле пронајдени една вреќа во која се наоѓаале три поголеми пакувања со непозната тревкаста материја како и една торба во која се наоѓале две поголеми пакувања со непозната тревкаста материја најверојатно наркотична дрога “марихуана” со вкупна тежина од над пет килограми, информираат од МВР.
Поради сомение дека се работи за кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” возачот е лишен од слобода. Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање и расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Оваа акција беше спроведена во рамки на оперативната акција “Мрежа“ во којашто досега кривично се пријавени околу 160 лица, а запленетата дрога ја надмина бројката од 520 килограми разни видови дроги.
Третата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во денес со почеток во 10:00 часот Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид На Дневен ред се 30 точки кои се однесуваат на предлог ...
Месец ноември е посветен на подигнување на свеста за Примарна хипероксалурија (ПХ), исклучително ретка генетска болест која влијае на бубрезите и црниот дроб Во рамки на одбележувањето на овој месе...
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб ветер од северозападен правец Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб сев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.