Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Кражба“ СВР- Охрид поднесе кривична пријава против 36- годишно лице од Радовиш, а со пријавата опфатен е и 39- годишен струѓанец поради сторено едно казнено дело „Прикривање“.

Кражбите, пријавениот ги извршил во текот на минатиот и почетокот на овој месец во амбуланта и уште неколку други објекти во Охрид, бесправно одземајќи мобилни телефони, пари и други  вредни предмети. Со тоа, се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.


На 25-ти минатиот месец, во амбуланта при охридската Општа болница од јакна оставена во една од просториите, одзел мобилен телефон „Ајфон“. Неколку дена пред тоа, пријавениот одзел и три мобилни телефони од торба во угостителски објект , каде искористувајќи го невниманието на сопственикот, одзел еден „Ајфон“  и два мобилни телефони  марка „Нокија“.

На празникот Водици, пријавениот од џеб на повозрасен охриѓанец одзел паричник со 9.5оо денари , вредносни и банкарски картички како и други документи. Исто толку пари и златно ланче, пријавениот успеал да одземе и од чанта на повозрасна охриѓанка.

На први овој месец, лицето извршило и кражба на систем за ладење од фрижидер-витрина во продавница на улицата „Пере Тошев“. Тој со употреба на физичка сила ги откорнал бакарните цефки и електричниот кабел по што го одзел системот чија вредност била околу 20 000 денари.

Второ пријавениот, како сопственик на продавница за мобилни телефони во Струга, иако знаел дека телефоните и другите предмети потекнуваат од кражби, сепак ги откупувал за понатамошна продажба. Тој, повремено на лицето од Радовиш му вршел замена за други предмети.

Инаку, за пријавениот од страна на СВР Струмица и затворот во овој град е рапишана потерница.Откако, СВР Охрид го пронајде и приведе, истиот е спроведен до казнено поправната установа во Струмица.

OhridNews