3000 денари е паричната казна која треба да ја плати лицето кое викендов од страна на комуналните редари било фатено како нелегално депонира градежен шут во близина на депонијата Мауцкер.Согласно законот за јавна чистота, несовесниот граѓанин изречениот износ треба да го плати во рок од осум дена, во спротивно за него ќе следи прекршочна пријава и парична казна од 9000 денари.
Како што беше најавено, со цел да се спречи нелегалното фрлање на градежен шут на влезот на градот , ќе се вршат контроли во целото деноноќие. Просторот пред Мауцхер ќе биде осветлен, а ќе бидат поставени и еластични браници и информативни табли со кои јасно ќе се укажува на забраната за фрлање отпад пред влезот на Охрид.
OhridNews