СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и три кривични дела „тешка кражба”.

Како што информираат од МВР, на 3-ти и 4-ти септември, на подрачјето на Охрид пријавениот, со употреба на физичка сила, од четири лица одзел чанти и кеси во кои имало пари, златен накит, мобилни телефони и други предмети. Во истиот период, на подрачјето на Охрид, во три куќи, пријавениот насилно влегол и одзел пари, златен накит и часовници.

Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 331.000 денари.

OhridNews