Фатена и протерана бугарска државјанка која ограбила туристи во Охрид
23.06.11 12:26
Поради постоење на основано сомнение дека ги сторила кривичните дела „Кражба“ и „Кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.Т. (27) од Бургас , Република Бугарија.
Од страна на истражен судија при Основниот суд во Охрид, изречена и е мерка „Протерување од Република Македонија“ во траење од 3 години, по што од страна на полициски службеници е спроведена до граничниот премин „Деве Баир“.
На ден 21-ви овој месец, околу 14 часот, пријавената, забележувајки туристи кои во група се движеле низ туристичкиот комплекс „Св.Наум„ се приближила кон последните лица во групата, и силно се втурнала кон Р.К.Б. од Белгија. Во истиот момент таа успеала од ранецот на белгиската туристка да одземе паричник со 220 евра, повеќе дебитни картички и други лични предмети. Одкако незабележана го направила тоа, пријавената се приближила и до Б.Л.Р. од Холандија која била во истата група туристи. Искористувајќи погоден момент, при движење, пријавената И.Б.Т. од Бугарија, започнала да го отвара патентот на ташната која на рамо ја имала Холандската државјанка, но притоа, била забележана и спречена во намерата да ја изврши кражбата.
Во разговор со полициските службеници, пријавената давала лажни податоци за денот на нејзиното влегување во Република Македонија како и за лицата со кои била во туристичкиот комплекс „Св.Наум“.
Зимата е на прагот, а градовите во Македонија, вклучително и Охрид, се гушат во загаден воздух На моменти загадувањето е ектремно високо, поради што во одредени населени места беа активирани мерки ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ Тој, на катарстарска парцела „Охридско езеро“...
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, и денеска има откажани и пренасочени летови Поради маглата која и дене...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.