Поради постоење на основи на сомнение за сторена една разбојничка кражба, седум тешки кражби, и три кривични дела кражба, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против М.М.(20) К.Н.(17) А.Ј.(21) Е.Ј.(19) М.Ј.(23) сите од Скопје.

Кон крајот на минатиот  и почетокот на овој месец, пријавените од повеќе деловни објекти во Охрид и Струга, од паркирани автомобили и од плажи, одземале пари, лап-топ компјутери, мобилни телефони, златен накит и други вредни предмети, со што се стекнале со против-правна имотна корист од околу 120.000  денари.

Петчлената група, во оптика во Охрид лоцирана на улицата „Св.Климент“, со тупаница ја нападнале вработената, која се обидела да им се спротивстави во момент, кога тие ги одземале парите од дневниот промет во вкупен износ од 15.000  денари. Пријавената група, користела штрафцигери и друг соодветен алат и насилно влегле во менувачница, од каде одзеле 4000 денари, 40 евра, лап топ компјутер марка „Леново“, два мобилни телефони, а со помош на метална шипка,  откорнале дел од вратата на црквата „Св.Никола болнички“ од каде, одзеле 10.000 денари.

На истиот начин, пријавените влегле во бутик, цвеќара и продавница во Охрид, притоа одземајќи пари и други вредни предмети, во вредност од околу 30.000 денари, додека од златара во Струга, одзеле златен накит. Од паркиран автомобил, оставен незаклучен на паркингот кај комплексот „Горица 3“ одзеле 240 евра, од ноќен клуб во Охрид, од женска ташна, бесправно одзеле мобилен телефон, а од  несесер  оставен до шанк на плажа, одзеле 130 евра  и 3.650 денари.

Дел од пронајдените пари и другите вредни предмети, се одземени и вратени на оштетените.

OhridNews