Струшката полиција фати двајца крадци кои од деловни објекти одзеле предмети во вредност од околу 180.000 денари.

Од СВР Охрид денеска соопштија дека ОВР Струга поднело кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и една „кражба“.

Тие, во периодот од 01 до 11 ноември годинава, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти на подрачјето на Струга и противправно одзеле повеќе предмети. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари, стои во информацијата.