Станува збор лица кои по претходен договор, во текот на месец мај, годинава, во повеќе наврати доаѓале од Дебар во Охрид со намера да ги извршат кражбите. Тие одземале златен накит, пари, лап топ компјутери, мобилни телефони, протеински препарати, колонијални производи, фен, радио касетофон и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од близу 150 000 денари.
Пријавените, кражбите ги извршиле со употреба на шипки кои за таа намена ги земале од Дебар, но користеле и друг подесен алат како и физичка сила. Специјализирани за разбивање на сигурносни брави од вратите но и со кршење на стакла, тие влегувале во бурекџилници, пицерии, сендвичари, фризерски салони и станови во Охрид, како и во една продавница во селото Волино. Тука го скршиле катинарот од магацинскиот простор и одзеле поголема количина колонијани производи. Пријавените од стан во Охрид, одзеле 200 евра, една златна бурма и повеќе машки и женски златни прстени откако го пронашле клучот од станот оставен под килимчето пред влезната врата. Откако забележале патничко моторно возило марка „Сузуки“ паркирано во куќен двор и незаклучено, двете лица незабележани влегле во возилото и одзеле еден радиокасетофон.
Шипките кои тие ги донесле од Дебар и ги употребувале при извршувањето
на кражбите, ги сокриле под дрва во дворот на средното угостителско
училиште во Охрид.
Пријавените и се познати на службата, а против нив досега биле поднесувани пријави за слични казнени дела.