Поради постоење основано сомнение дека се сторители на вакви казнени дела, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И.(17) З.И.(17) и А.М.(15) сите од гостиварското село Дебреше. Првопријавениот, со извршени над 10 казнени дела „Тешки кражби„ се стекнал со противправна имотна корист од околу 197.600 денари додека останатите двајца пријавени со над 3000 денари.
Пријавените, во периодот Февруари-Мај оваа година, со физичка сила и со употреба на штрафцигер и друг подесен алат, насилно влегувале во продавници, во аптека и пицерија од каде противправно одземале пари, мобилни телефони, колонијални производи, цигари и алкохолни пијалоци но и други предмети.
Кривични пријави, поднесени се и против Ш.Ф.(23) Р.Б.(28) и Е.З.(22) сите од Охрид поради постоење основано сомнение дека сториле шест кривични дела „Кражба„ со што се стекнале со противправна имотна корист од 580000 денари.
Во периодот Февруари-Мај оваа година, со употреба на клешти и друг соодветен алат, од Кеј „Маршал Тито„ во Охрид, одзеле дванаесет улични светилки(канделабри) сопственост на општина Охрид како и една бронзена статуа од Здружението на возачи лоцирано на улицата „Гоце Делчев„
Бесправно одземените предмети, тројцата пријавени ги продавале на повеќе правни лица за откуп на метални суровини од Струга како и на физички лица кои вршат нелегален откуп на метални предмети.