Во тек е забраната за риболов на охридска белвица и охридска пастрмка која започна од први декември и истата ќе трае до 28 февруари 2026 година, информираат од концесионерот на рекреативната зона „Охридско Езеро“ и риболовната зона „Воска“ за стопански риболов, компанијата „Питон“.
Забраната важи за сите, а за оние кои сакаат да се над законот и не ја почитуваат забраната ќе ги стигнат санкциите пропишани за рибокрадење според Закон. Таков беше и случајот со две лица рибокрадци фатени во вршење на незаконски риболов од нашата рибочуварска служба, посочуваат од „Питон“.
OhridNews
фото. „Питон“












