На околу 100 метри од државната граница со Албанија, биле пронајдени и 150 блинкери со улов од 2 парчиња риба-пастрмка. Пронајдениот риболовен алат со уловот се предадени на АД„Инекс Горица“-Охрид.
Попладнето, околу 17 часот и 40 минути од страна на полициски службеници кај населбата Лагадин, спроти хотелот „Два Бисери“, во водите на езерото, бил забележан чамец во кој биле лицата А.Т. и Ј.М., двајцата од селото Пештани, кои вршеле незаконит риболов.
Од страна на службите при „Езерска контрола“ во чамецот биле пронајдени рибарски мрежи со улов од 289 парчиња риба-белвица, 6 парчиња-мрена и 16 парчиња-грунци. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.