Поради постоење основи за сомнение дека е сторител на вкупно седум казнени дела од кои, две „кражба“, три тешка кражба“ и две „тешка кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишен битолчанец. Во пријавата поради сторени шест казнени дела „помагање“, опфатени се и 49-годишна жена и 47-годишен маж од Битола, за сторени шест казнени дела „поттикнување“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавеното 27-годишно лице од Битола, казнените дела ги извршил во периодот од 11 август до 09 септември 2019 година, на улиците „Климентов универзитет“, „Кузман Капидан“ „Кочо Рацин“ „Кирил и Методи“ и „Нада Филева“ во Охрид, каде, од повеќе куќи и апартмани одземал пари, мобилни телефони и други вредни предмети.

За време на извршувањето на кражбите, второпријавената вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.

OhridNews