СВР Охрид против осум члената група романски државјани, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „Тешка кражба“.
Лицата А.Л.(23), А.Р.(32) и М.Ф.Р(16) се приведени непосредно по тешката кражба извршена во златарата „Прима Голд“на 20-ти Јануари оваа година, а дополнително, по нивното пронаоѓање, кривичната пријава е проширена против лицата: В.Р.(35), М.Р.(17), Р.Р.(16) и Д.Л.(24) . Од страна на истражен судија на романски државјани, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. Во бегство е уште еден романски државјанин за чие пронаоѓање и приведување, СВР Охрид презема дополнителни мерки.
Тешката кражба беше извршена на 20-ти овој месец околу 15 часот, кога во златарата „Прима Голд“, заедно влегле сега притворените. Додека дел од нив со разни прашања за квалитетот на накитот и цените, се обидувала да и го одвлече вниманието на вработената, останатите успеале од стаклениот пулт со изложен накит да одземат прстени, наруквици и друг златен и сребрен накит.
Романската група, истиот ден со патничко моторно возило пристигнала во Охрид. Веднаш потоа, тие разгледале неколку златари во чаршијата по што, во „Прима Голд“ ја извршиле тешката кражба.