Фатих Терим повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Турција. Националниот сојуз соопшти дека причината за заминувањето на Терим се „неговите нефудбалски проблеми“.

Пред две недели Терим бил вмешан во тепачка во ресторан во Алакати. На снимките на безбедносните камери се гледа дека тој има вербална расправија со сопственикот на ресторанот. Турските медиуми објавија дека имало тепачка и дека биле повредени пет лица.

За Терим ова беше трет мандат како селектор на Турција. Првиот пат беше селектор од 1993 до 1996 година, вториот од 2005 до 2009, а последниот мандат го започна во август 2013 година.

Турција во квалификациската група за пласман на Мундијалот во Русија се наоѓа на третото место со 11 бодови, два помалку од Хрватска и Исланд кои се на водечките две позиции.

OhridNews