Охридскиот фудбалски клуб го претстави третото засилување во летниот преоден рок откако ја официјализираше соработката со Фатмир Ариф. Новиот член потпиша едногодишен договор.

Со доаѓањето на Ариф на левата бековска позиција, Охрид ја формираше последната линија од екипата која ќе треба да го понесе најголемиот товар во новата второлигашката сезона.

Многу се допадна проектот кој ми го презентираше управата. Слушав само убави зборови за екипата и не се двоумев дали да и се приклучам. Прво и најважно ќе биде да одработиме добри подготовки, да не заобиколат повредите и максимално подготвени да ги дочекаме мечевите од Втората лига. – изјави Ариф.

27-годишниот фудбалер е второ засилување за Охрид од Кораб.  Прв кој направи преселба од Дебар во Охрид беше Един Мерсовски. Покрај Арифи и Мерсовски, „рибарите“ засилија со голманот Никола Симоновски.

OhridNews