Тетовчанецот Мусафи Фатон е делегиран за главен судија на дерби мечот од деветтата рунда во второлигашката конкуренција меѓу Охрид Лоте и Тиквеш. Негови помошници ќе бидат Небојша Георгиевски и Насуф Љатифи. Фатон пред две рунди го водеше мечот кој во с.Велмеј го одиграа “градежниците“ против Локомотива кој заврши со победа од 2-0.


Натпреварот Дрита – Охрид му е доделен на скопјанецот Никола Костенчев, кој охриѓани го паметат по слабата арбитража на езерското дерби против Влазнимии кое “рибарите“ го добија со 2-1. Негови помошници ќе бидатТрајче Николов од Саше Тошевски од Скопје.


Двојки 9. коло 24.10.2010 (недела) 14 ч.
Дрита – Охрид 2004
Новаци 2005 – 11 Октомври
Охрид Лоте – Тиквеш
Ринија – Еуромилк
Влазрими – Локомотива
Влазними – Беласица
Миравци – Цементарница 55

М.П.