Арсенал, Челси, Евертон, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити успешно си ја завршија својата работа во третата рунда од англискиот Лига Куп. „Топчиите“ со 1-0 го совладаа Донкастер, Челси со петарда (5-1) го испрати Нотингем Форест од Стемфорд Бриџ, Евертон постигна три голови во мрежата на Сандерленд за победа, „ѓаволите“ рутински се справија со Бартон (4-1), додека најтешко минаа „граѓаните“ кои со 2-1 победија против ВБА.
Резултати: Арсенал – Донкастер 1-0, Челси – Нотингем Форест 5-1, Евертон – Сандерленд 3-0, Мен Ју – Бартон 4-1, ВБА – Мен Сити 1-2.
OhridNews