Трите водечки екипи на табелата во Серија А, Јувентус, Рома и Наполи запишаа нови три бодови на своето конто победувајќи ги Сампдорија (4-1), Сасуоло (3-1) односно Емполи (2-0).


Најтешко до бодовите стигна „волчицата“ на гостување кај Сасуоло, откако имаше негатива по првите 45 минути. Со двата голови на Един Џеко и едниот на Раџа Нанголан, Рома го сврте резултатот и забележа победа.


Јувентус, брзо се рехабилитираше од поразот на Сан Сиро и со 4-1 ја „преслуша“ Сампдорија. „Бјанконерите“ после 10 минути играа водство 2-0 со головите на Марио Манџукиќ и Џорџо Киелини. Дефанзивецот во вториот дел постигна уште еден, а во убедливата победа стрелец беше и Миралем Пјаниќ.


Со погодоците на Дрејс Мертенс и Влад Чиричес во вториот дел составот на Наполи го совлада Емполи и изби на третата позиција пред Милан.

Резултати: Киево – Болоња 1-1, Фиорентина – Кротоне 1-1, Интер – Торино 2-1, Јувентус – Сампдорија 4-1, Лацио – Каљари 4-1, Пескара – Аталанта 0-1, Наполи – Емполи 2-0, Сасуоло – Рома 1-3.

Табела: Јувентус 24, Рома 22, Наполи 20, Милан 19, Лацио 18…

OhridNews