Селекциите кои се фаворити за висок пласман на Мундијалот во Германија без поголеми проблеми ги добија мечевите од втората рунда во фазата по групи на Мундијалот.

Во А групата максималниот ефект го задржаа Шпанија и Романија, во Б групата на врвот се Норвешка и Чешка, додека во Ц групата Бразил ги предводи селекциите, а во Д групата Србија е рамо до рамо со домаќинот Германија.

Утре (понеделник) нема натпревари на програмата и е слободен ден. Тие во целост продолжуваат во вторник во стандардните термини 14, 18 и 20 часот и 30 минути.

Резултати:

Група А: Словенија – Романија 28-31, Ангола – Франција 19-26, Парагвај – Шпанија 15-32.

Табела: Шпанија 4, Романија 4, Словенија 2, Франција 2, Ангола 0, Парагвај 0

Група Б: Полска – Чешка 25-29, Унгарија – Шведска 22-25, Аргентина – Норвешка 18-32.

Табела: Норвешка 4, Чешка 4, Полска 2, Шведска 2, Аргентина 0, Унгарија 0

Група Ц: Тунис – Бразил 22-23, Црна Гора – Русија 24-28, Јапонија – Данска 15-32.

Табела: Русија 4, Бразил 3, Црна Гора 2, Данска 2, Јапонија 1, Тунис 0

Група Д: Камерун – Србија 21-34, Кина – Холандија 15-40, Јужна Кореја – Германија 18-23.

Табела: Србија 4, Германија 4, Јужна Кореја 2, Холандија 2, Камерун 0, Кина 0.

OhridNews