Познати се четирите први екипи патници во четврфиналето на јубилениот петти турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“.
Три од четирите четвртфиналисти натпреварите по групи ги завршија на првата позиција со што ја потврдија фаворитската улога во осминафиналните дуели.
Единствена екипа што обезбеди пласман во 1/4 финалето, а заврши како второпласираната е вицешампионот од минатата година Вис Пој.
Резултати :
Острово Св. Наум/Лаунџ бар Ноа – Вис Пој 2-7
АСП Пак – Сити Палас 7-2
Леонардо – Јуниор 5-2
Кадмо – Пупе Компани 7-1
Двојки :
19:30ч Мешеишта – Бел Мерцедес
20:30ч Климент Колески – Сатеска
21:30ч Болетус 92 – Викса Пром
22:30ч Мистер – Јован 2014 (Враништа)
Ohridnews