Фудбалот во Охрид е збогатен за уште една нова школа откако успешен, искусен и пред се амбициозен тим ја промовираше „FC Next Level“.

„Next Level“ е реализација на еден мој долго подготвуван проект. Ми претставува посебно задоволство работата и дружењето со дечиња. Наша цел ќе биде едукација, социјализација, дисциплина и брусење на талентите од Охрид и регионов. Сето тоа ќе го направиме заедно со дечињата, кои нетрпеливо ги очекуваме на првиот тренинг. – изјави тренерот и претседателот на клубот, Марино Маркоски.

Покрај Марино Маркоски, во клубот како тренери ќе работат Александар Бакулески, Љупчо Танески и Оливер Митрески (тренер на голмани), предводени од Драган Бочески кој ќе биде главен координатор.

„FC Next Level“ како новоформиран клуб со големи амбиции за иднината, ќе има високо ниво на организација. Веќе се поставени организационите темели на клубот, (управа, стручен штаб, технички лица и сл.), а се со цел што подобри услови за развој и едукација на младите кои преку фудбалот, односно спортската психофизичка едукација, ќе се изградадт во личности со отворени погледи кон светот и кон модерниот фудбал во целина. Како тим во клубот секогаш ќе се стремиме кон создавање на што подобри услови за спортска едукација и фер плеј на членовите, кои ќе се приклучат на нас, со надеж дека од овој спортско едукативен проект, нашите млади охриѓанчиња ќе прераснат во едуцирани фудбалери со модерни спортски и животни вредности. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на Генералниот спонзор Јован Маркоски (Sky Corner, Bistro Corner, Info Biro, IB Fitness) и неговото семејство што ја увиде нашата заложба за што поголема едукација на младите во Охрид преку спортот и го поддржа овој проект во целост. – рече генералниот секретар на школата Иво Маркоски.

Задоволство од соработката со новоформираната школа изрази и Јован Маркоски од Sky Corner, Bistro Corner, Info Biro, IB Fitness. Тој истакна дека голема е честа да се биде во фудбалска школа која работи за и со дечињата од најмала возраст.

Секогаш во рамките на нашите можности ние го помагаме спортот, а посебно не радуваат вакви проекти, во кои се работи со најмладите. Веруваме дека оваа школа ќе придонесе многу за развојот на фудбалот во нашиот град. На новата школа и посакуваме многу среќа и успеси. – рече Јован Маркоски.

Уписите за дечињата родени 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 се во тек и ќе траат до свеченото отворање, кое ќе биде на крајот од месец јануари следната година.

Лице за контакт Марино (072 264 509).

Среќно!

OhridNews