Американската Управа за храна и лекови (ФДА) синоќа го одобри експерименталниот третман за лекување со антитела во итни случаи кај пациенти постари од 65 години, кои освен коронавирус имаат и друга болест.
Британските медиуми наведуваат дека дополнителен услов е тие да не се хоспитализирани.
ФДА соопшти дека одлуката е поткрепена со клинички испитувања што покажале дека лекот „Бамланаивимаб“ ја намалува веројатноста за хоспитализација кај пациенти со корорнавирус.
Овој експериментален лек засега може да се користи во лесни до умерени случаи на коронавирус, како кај деца постари од 12 години, така и кај возрасни, но „Бамланаивимаб“ не може да се користи од пациенти кои се хоспитализирани и имаат кислородна терапија, додава ФДА.
Лекот, подготвен од компанијата Елија Лили, не им помагал на пациенти со потешка форма на коронавирус, туку напротив, се покажало дека им одмага, нагласи ФДА.
Претходно беше соопштено дека зелено светло добила и вакцината на „Пфазер“ и германската „Бионтех“. Тоа го разлути американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека веста за ефикасноста на вакцината против Ковид-19 е објавена по претсетелските избори, само за тој да не победи.
Агенцијата за лекови (ФДА) требаше порано да објави, не од политички причини, туку за да можат да се спасат животи, напиша Трамп на Твитер.
Во серија твитови Трамп напиша дека американската Агенција за лекови и Демократската партија пет дена чекале да објават за ефикасноста на вакцината бидејќи не сакале тој да победи благодарение на вакцината.
Ако Бајден беше претседател немаше да има вакцина уште четири години, ниту ФДА би ја одобрила толку брзо. Бирократијата би уништила милиони животи, напиша Трамп.
Тој ги обвини и медиумите поради „прогноза на изборните резултати“ и оти тоа претставува мешање во изборите „и би требало да бидат прозвани поради тоа“.
Американската фармацевстка компанија „Пфазер“ и германската „Бионтех“ соопштија дека дека нивната експериментална вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 90 отсто и оти вакцината нема сериозни несаакани ефекти.
OhridNews