Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и Американецот Џек Сок ја комплетираа втората полуфинала двојка на мастерс турнирот во Индијан Велс.
Федерер без борба обезбеди пласман во 1/2 финалето, откако мечот поради тровање со храна го предаде Ник Киргијос кој пласман во 1/4 финалето го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
– Со многу жал соопштувам дека не ќе можам да настапам против Федерер поради болест. Во овој момент мислам дека е тровање со храна и ништо повеќе. Цела ноќ со докторската екипа се боревме против моите болки, успеавме да ги намалиме, но не и да ги остраниме за да можам да играм на ниво какво што е потребно со Федерер. – напиша на социјалните мрежи Австралиецот веднаш по предавањето на мечот.
Противник на Федерер во 1/2 финалето во Индијан Велс ќе биде миленикот на домашните навивачи Сок кој во три сетови (6-3, 2-6, 6-2) го совлада Кеи Нишикори.
Во преостанатата полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Стен Вавринка и Пабло Карено Буста.
OhridNews