Еден од најдобрите тенисери во историјата Рожер Федерер ја потврди својата големина победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето на мастерс турнирот Синсинати.


Федерер до седмата титулата на америчкиот мастерс турнир стигна со победа во два сетови 7-6 и 6-3.

– Приметува дека сезонава Ѓоковиќ се адаптира на мојата игра и многу ги подобрува перформансите. Во овој момент не греши многу осоебено кога во прашање е „форхенд“ ударот. Нашето ривалство без дилеми напредува многу и сега дуелите со него се навистина посебни. – рече Швајцарецот.

Титулата од Синсинати е единствена што недостасува во збирка трофеи на Ѓоковиќ од мастерс турнирите, а за комплетирање ќе почека до другата сезона.

Ohridnews