Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер после освојувањето на титулата во Базел го откажа учеството на турнирот во Париз со кој завршува сезоната во тенисот. Со неиграњето во Париз искусниот тенисер се повлече од борбата за првата позиција на АТП листата и ги налути организаторите на францускиот турнир. 

– Можите да замислите колку сум разочаран и фрустриран што Федерер го откажа учеството на турнирот во Париз. Разговарав со неговиот агент кој ми рече дека ќе проба да се опорави и да биде подготвен иако јавно го откажа своето учество. Жал ми е затоа што два месеци наназад се подготвувавме за спектакл помеѓу Рафа Надал и Федерер, а сега Шпанецот ќе биде сам. Исто така ќе ги разочараме навивачите кои со нетрпение ги очекуваат нивните пресметки. – рече директорот на турнирот во Париз, Жи Форже.

Во финалето на мастерсот во Базел, Федерер во три сетови го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Петро и стигна до 95-от трофеј во кариерата.

OhridNews