Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер по пауза од 17 месеци се искачи на второто скалило на АТП рејтинг листата.

Тој го мина лутиот ривал Рафаел Надал, кој годинава мака мачи се повредите на колената и сега со стомачниот вирус.

На првата позиција со голема предност пред Федерер и Надал е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментално го игра најдобриот тенис во кариерата.

Мх.П.