Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и Чехот, Томаш Бердрих ќе се сретнат во финалето од АТП турнирот во Дубаи.

Во полуфиналето Федерер совладувајќи го Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови го потсети на времињата кога Швајцарецот доминираше на тениските терени. Особено за издвојување е третиот сет, кога Федерер го одигра без ниту една грешка и го доби со 6-3.

Бердрих без посериозен проблем обезбеди пласман во финалето откако со чисти 2-0 го елиминираше германскиот тенисер Колшрајбер.

Федерер во осмото финале на турнирот во Дубаи ќе атакува на шестата титулата додека Бердрих сеуште е без трофеј откако минатата сезона во финале претрпе пораз од Ѓоковиќ.

Мх.П.