Вториот рекет во светот Рожер Федерер обезбеди пласман во финалето на мастерс турнирот во Шангај.

Во полуфиналето Швајцарецот го преслуша водечкиот рекет на АТП листата Новак Ѓоковиќ 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Противник на Федерер ќе биде Гаел Симон, кој во полуфиналната пресметка го совлада Фелисијано Лопез исто така 2-0 во сетови.

Мх.П.