Роџер Федерер реши да го пропушти воведниот дел од сезоната на земјана подлога, а не е сигурен дека ќе игра и на најзначајниот турнир, грен слемот Ролан Гарос.

Швајцарецот брилијанто ја започна новата сезона, победи на 19 од 20-те мечеви, а ги освои титулите на трите најголеми турнири – Аустралијан Опен, Индијан Велси и Мајами.

По триумфот на Мастерсот во Мајами, тој најави дека ќе го пропушти воведниот дел од сезоната на земјана подлога, одсносно Мастерс турнирите во Монет Карло, Мадрид и Рим, но во неделата изјавил дека можеби нема да игра ниту на Ролан Гарос.

„На 10.мај ќе решам дали ќе играм воопшто на оваа подлога или не. Ќе разговарам со мојот тим, дали да ја пропуштам сезоната на земјана подлога“, рекол Федерер.

Инаку поради годините Федерер реши оваа година да го лимитира бројот на натпревари на земјана подлога, која е многу чувствителна кога се во прашање повредите, но сепак сите очекуваа Швајцарецот да се појави во Париз.

„Веројатно ќе и таму ќе го форсирам мојот агресивен стил, бидејќи кога временските услови се добри, терените со побрзи дури и од оние на Вимблдон. Тоа во секој случај би била добра подготвка за сезоната на трева“, дополнил Федерер, пренесва „Макфакс“.

Роџер Федерер од почетокот на годината „прескокна“ 13 места на АТП листата и се наоѓа на четвртото место зад Мари, Ѓоковиќ и Вавринка.

OhridNews