Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер го освои трофејот на мастерс турнирот Синсинати совладувајќи го Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови.


Федерер со победата во големото финале го спречи обидот на најдобриот светски тенисер во својата збирка на трофеи да го вметне и пехарот од Синсинати.

Првиот сет иако се решаваше во тајбрејк лесно го доби Федерер кој победи со 7-1 на поени.

„Скршениот“ Ѓоковиќ немаше сила во вториот сет да му се спротистави на Федерер и да се врати во игра.

Тоа го искористи „олдтајмерот“ и со 6-3 го освои вториот сет воедни и трофејот од америчкиот мастерс турнир.

Мх.П.