Рожер Федерер со јубилејна петта титула го круниса својот 100-ти натпревар на австралискиот грен слем турнир. Швајцарецот во финалето го совлада Рафа Надал со 3-2 во сетови.
– Сакам да им се заблагодарам на сите и на Рафа кој кажа многу добри работи за мене. Тој исто како мене се врати после многу проблеми со повреди и покажа зошто години е во врвот на тенисот. Пред четири-пет месеци на отварањето на неговата академија разговарамв и не се неверувавме во ваков расплет, односно на меѓусебна пресметка во финалето. Спортот е чудна работа, бидејќи може да победи еден, кога би можело јас би го поделил првото место со Рафа. Уживав во секој момент играјќи на Австралија Опен и секогаш ќе биде така затоа што навивачите го заслужуваат тоа. – изјави Федерер.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал остана на единствената титула на Австралија Опен освоена 2009 година во финалето токму против Федерер.
– Најпрво да му честитам на Федерер за титулата и за неверојатниот кам бек кој го направи. Во Астралија поминав незаборавен месец, прво тренирајќи, а потоа играјќи на грен слем турнирот. Кога ќе загубите финале не е добро, но јас лично задоволен сум каков турнир одиграв. Ќе продолжам да работам напорно, како и претходно бидејќи сезоната само што започна уште турнири има за играње. – истакна Надал.
Тенискиот шлагер во финалето на Австралија Опен за Рожер Федерер
OhridNews