Тениските великани, Рожер Федерер и Енди Мареј во духот на шкотската традиција одиграа натпревар со хуманитарен карактер во Глазгов. Пред 11 000 гледачи Федерер се појави со популарниот килт на себе, додека Мареј имаше перика на главата. Гледачите покрај интересниот изглед имаа можност да уживаат во мајсториите на едни од најдобрите тенисери на денешницата.

Финансиските средства собрани од тенискиот спектакл ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

OhridNews