Големите ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал закажаа нова меѓусебна пресметка во финале, откако успешно ги минаа полуфиналните пречки на мастерс турнирот во Мајами.


Швајцарецот по три часови и петнаесет минути игра во три сетови (7-6, 6-7, 7-6) го совлада Ник Киргијос, додека шпанскиот тенисер лесно се справи Александар Ѕверев победувајќи го во два сетови (6-1, 7-5).


Втор пат овие двајца тенисери во новата сезона ќе ги одмерат силите во едно финале. На австралискиот грен слем турнир во Мелбурн, Федерер славеше против Надал во финалето.

Низ историјата Надал и Федерер имаат одиграано 36-ет натпревари, а поуспешен е Шпанецот со 23 победи.

OhridNews