Швајцарските тенисери Рожер Федерер и Станислас Вавринка ги надминаа личните проблеми кои избија на површина по полуфиналниот дуел во Лондон.
Вавринка после поразот од својот репрезентативен колега бесот го истурил врз сопругата од Федерер, Мирка.
Рекетот број два очекувано застанал во одбрана на неговата сопруга, а расправијата според очеведците траела повеќе од еден час.
Федерер поради наводна болка во грбот и психолошка исцрпеност го откажа дуелот со Ѓоковиќ во финалето од завршниот АТП турнир во Лондон.
Токму овие двајца тенисери треба да ја предводат Швајцарија во финалето од Дејвис купот против селекцијата на Франција.
Мх.П.