Швајцарецот Роџер Федерер реши да го пропушти вториот гренд слем турнир во сезоната, Ролан Гарос, кој на програмата е од 22.мај до 11.јуни.

Роџер Федерер, тенисер со најмногу освоени гренд слем турнири во историјата, кој во моментов е петтопласиран на АТП листата, најави дека ќе ја пропушти сезоната на земјана подлога, но очекувањата беа дека ќе настапи во Париз.

– Мислам дека најдобро е целосно да ја пропуштам сезоната на земјана подлога. Заклучив дека играњето на оваа подлога не е во интерес на мојот тенис и физичката подготвка за останатиот дел од сезоната. Се радувам што ќе учествувам на Роланд Гарос наредната година. – изјави Федерер, пренесува „Макфакс“.

Роџер Федерер има една титула на Ролан Гарос која ја освои во 2009 година.

OhridNews