Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер ги израдува своите фанови, откако триумфираше на турнирот во Базел. Нова титула освои Каролина Вознијацки која победи на ВТА турнирот во Сингапур.

Федерер во финалето во Базел со пресврт го совлада аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро во три сетови (6-7, 6-4, 6-3).

Вознијацки својата противничка Венус Вилијас во финалето ја реши во два сетови (6-4, 6-4) за час и половина игра.

Титулата од турнирот во Базел е вкупно 95-та за Федерер во кариерата, а Вознијацки во голем стил ја заврши сезоната која мина со многу турбеленции во женскиот тенис. 

OhridNews