Швајцарецот Роџер Федерер го освои мастерсот во Мајами, откако во финалето го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 2:0 (6:3; 6:4)
Нијанси повторно го решаваа победникот во мечот, а тие и овој пат беа на страната на Федерер. Иако и Надал имаше свои шанси, Федерер и во првиот и во вториот сет во клучните момент стигнуваше до брејк, што му овозможи да стигне до големиот триумф.
За Федерер ова беше 26 титула на турнирите од Мастерс 1000 серијата. Две повеќе има Надал (28), а прв на оваа листа е Новак Ѓоковиќ кој има 30 титули на мастерс турнирите.
OhridNews