Осминафиналето на турнирот во Индијан Велс ќе донесе голема дерби пресметка меѓу старите ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Швајцарецот во 1/16 финалето го совлада Стив Џонсон во два сетови (7-6, 7-6), a Надал славеше против Фернандо Вердаско исто така во два сетови (6-3, 7-5). Ждрепката немаше милост и на мегдан двајцата тенисери ги однесе во релативно рана фаза од турнирот.
Интересни дуели во 1/8 финалето ќе бидат средбите меѓу Новак Ѓоковиќ и Австралијецот Ник Киргиос, Монфлис – Тим и Вавринка – Нишиока.
OhridNews