Канадскиот тенисер Милош Раониќ се пласираше во полуфиналето на мастерс турнирот во Париз победувајќи го Рожер Федерер во четвртфиналниот дуел.
До првата победа над Швајцарецот во кариерата Раониќ стигна во два сетови добивајќи ги 7-6, 7-5.
Во полуфиналето Канаѓанецот ќе се сретне со чешкиот тенисер Томаш Бердрих, кој во три сетови го совлада Јужноафриканецот, Андерсон.
За преостанатите две места во полуфиналето ќе се борат Ѓоковиќ/Мареј односно Ферер/Нишикори.
Мх.П.