Четирикратниот првак на Австралија Опен, Рожер Федерер се збогува од гренд слем турнир откако загуби во третата рунда од Андреа Сепи со 3-1 во сетови (6-4 7-6 (7-5) 4-6 7-6).


30-годишниот Италијанец никогаш не го совладал Федерер во претходните десет меѓусебни дуели и немал победа над тенисер, кој доаѓа од првата десетка на АТП листата.


Федерер за прв пат по 2003 година нема да биде дел од полуфиналната програма на првиот гренд слем турнир за новата година.

Мх.П.