Рожер Федерер обезбеди пласман во 1/2 финалето на најстариот гренд слем турнир, Вимболдон совладувајќи го Марин Чилиќ во пет сетови (6-7, 4-6, 6-3, 7-6, 6-3) во четвртфиналето.


Во мечот кој траеше речиси три и пол часови Швајцарецот покажа дека се уште може да игра врвен тенис свртувајќи го резултатот во своја корист по негативата од 2-0.

Чилиќ маестрално ја користеше секоја шанса во првите два сета, а работите во третиот сет комплетно се свртија во полза на Федерер.


Хрватскиот тенисер не искористи три меч топки во четвртиот сет кој го изгуби во „тај брејк“, а во петтиот решавачки психолошката предност беше на страната од Федерер кој не погреши.


Во 1/2 финалето Федерер ќе игра против Милош Раониќ кој во четврфиналната пресметка го победи Сем Квери со 3-1 во сетови.

OhridNews