Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер ја забележа првата победа во фазата по групи на завршниот турнир од мастерс серијата во Лондон совладувајќи го Доминик Тим со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).

Со рутинската победа за 1 час и 8 минути, Федерер се извади за поразот од Кеи Нишокори во првата рунда од групната фаза и си ги врати шансите за пласман во полуфиналето.

Швајцарецот гем на противнички сервис освои во третиот и седмиот, додека на свој сервис беше непогрешлив. Во вториот сет на противнички сервис го доби првиот и деветтиот гем за убедлива и сигурна победа.

Во последната трета рунда од фазата по групи Федерер силите ќе ги одмери со Кевин Андерсон кој има две победи после исто толку одиграни мечеви.

OhridNews