Роџер Федерер ќе игра во полуфиналето на УС Опен, откако во неверојатен меч, во четвртфиналето го победи Гаел Монфилс со 3-2 (4-6, 3-6, 6-4, 7-5, 6-2), пренесува „Макфакс“.
Францускиот тенисер беше брилијантен во првите два сета, го загуби третиот, а во четвртиот сет не искористи две меч топки.
Клучниот момент во мечот кој траеше 210 минути се случи во десеттиот гем од четвртиот сет кога Монфилс не искористи две меч топки, Швајцарецот успеа да се одбрани, да направи брејк, а потоа петтиот сет беше само формалност.
Федерер втор пат во кариерата успеа да се врати по негативата од 0-2 во сетови, на еден Грен слем турнир, во 2012 на идентичен начин на Вимблдон го победи Жилиен Бенето.
Освојувачот на 17 Грен слем титули во полуфиналето ќе игра против Марин Чилиќ кој во три сета го совлада Томаш Бердих, додека во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.
OhridNews
извор:„Макфакс“