Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и американската тенисерка ги понесоа престижните награди за најдобар спортист односно спортистка во светот во изборот на спортските лауреати кој се традиционално се одржува во Монако.

Федерер покрај наградата за најдобар се закити со признание и за кам бек на годината. Швајцарецот успеа да ги залечи и надмини сите повреди и да стигна до јубилејниот 20-ти трофеј на Грен слем турнирите победувајќи на Австралија Опен.

Сепак, Рожер Федерер не беше ѕвезда на вечерта. Овој епитетот го понесе Франческо Тоти кој доби специјално признание поради верноста на Рома и неговата фудбалска кариера. Принцот од Рим е втор спортист кој се закитува со ваква награда, првиот е најтрофејниот олимписки спортист на сите времиња Мајкл Фелпс.

На прогласувањето на спортските лауреати награди добија Фудбалскиот клуб Чапекоенсе за најдобар момент во спортот, велосипедистот Мајкл Хуг за најдобар спортист со инвалидитет, Едвин Моузес за животно достигнување и едриличарот Армел ле Кларк за спортска акција на годината. 

OhridNews