Рожер Федерер лесно како никогаш до сега со само еден изгубен гем во два сета го совлада британскиот тенисер Енди Мареј на АТП турнирот во Лондон.


Со доминатната победа над Мареј швајцарскиот тенисер ја покажа решителноста да му се спротистави на Новак Ѓокович.

– Никој тенисер не би посакал да се најде во таква ситуација затоа сум среќен што го изгубив последниот гем. Ми беше непријатно и едноставно не ми се допадна целата ситуација. Во тенисот се случуваат вакви работи затоа фановите мораат да бидат по меки со тенисерите – рече Федерер.

Швајцарецот со оваа победа обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со второпласираниот од групата Б каде се наоѓаат Ѓоковиќ, Чилиќ, бердрих и Вавринка.

Мх.П.