Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер во финалето на АТП турнирот во Брисбејн против Милош Раониќ ќе ја брка 1000-та победа во кариерата.


До 999-от триумф Швајцарецот стигна победувајќи го бугарскиот тенисер Григор Димитров со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).

Настапот во неделното финале ќе биде вкупно 125-то за Федерер во кариерата, а успеал да победи во 82 финални натпревари.

На вечната листа пред Федерер по бројот на победи и титули се наоѓаат Џими Конорс (1253 победи/109 титули) и Иван Лендл (1071 победи/94титули).

Мх.П.